Flydubai со бесплатни промотивни летови за деца

26

Fly-DubaiВо следните три месеци децата од Македонија бесплатно ќе летаат до популарната дестинација Дубаи, благодарение на Авиопревозникот Flydubai.

Преку бесплатните промотивни летови за најмладите Flydubai има за цел да го промовира Дубаи како врвна туристичка дестинација и да им овозможи на патниците почети патувања до градот. Па така семејствата кои ќе купат авионски билет од Скопје до Дубаи најдоцна до 31-ви јули за лет до 10-ти септември ќе можат со себе да носат деца до 12 години бесплатно.

“Оваа специјална понуда на семејствата ќе им овозможи да уживаат во уште подостапен одмор во Дубаи на којшто ќе можат да се забавуваат во одделите за игра во трговските центри и да се восхитуваат на панорамата на Дубаи. Заштедувајќи на билет за децата, семејствата можат да потрошат повеќе средства во текот на одморот”, вели Гаит Ал Гаит, извршниот директор на компанијата.

Патниците за време на летото ќе можат да изберат од над 1.000 часа нон-стоп забава од современиот систем на авиокомпанијата. Дел од него се повеќе од 220 филмови, 160 телевизиски програми, игри и музика.

Освен со Дубаи, авиопревозникот го поврзува Скопје и со егзотични дестинации како Колумбо, Шри Ланка и Мале, главниот град на Малдивите.

Почетната цена на авиопревоз од Скопје до Дубаи е приближно 396 евра за повратен билет. За време на овој период на промоција, Flydubai од Скопје ќе лета во понеделник, четврток и во недела.