Forbes: Совети од успешни бизнисмени

398

Авторот Брајан Колинс за списанието Forbes пренесува неколку совети за навиките на успешните претприемачи. Советите доаѓаат по интервјуа со голем број на бизнисмени во различни индустрии

Потпрете се на мотивиран тим

Секој може да започне бизнис, но за да може тој да расте и да трае, мора да го имате вистинскиот тим. Илон Маск нема сам да им овозможи на луѓето да патуваат на Марс, ниту Џеф Безос сам го направи светскиот гигант од Amazon. Тие го сторија тоа со помош на илјадници талентирани професионалци.

Работете напорно, потоа одморете се

Минатата година Илон Маск рече дека е невозможно да се постигне резултат без напорна работа.
“Никој досега не го смени светот со работа од 40 часа неделно“, рече тој, осврнувајќи се на етичката работа во неговите компании Tesla и SpaceX.
Иако повеќето претприемачи се согласуваат со Маск за важноста на напорна работа, многу од нив знаат кога да престанат. Тие разбираат дека поминатото време за релаксирање им помага на лидерите и на целиот тим да ги наполнат батериите, да се одморат и да размислуваат.
Шведскиот претприемач Јохан Етби, директор на Fishbrain, вели “Не е сè за тоа колку работи. Треба да спиете, да јадете и да имате добри односи со семејството и пријателите.

Вредни активности надвор од работата

Извршниот директор на Мicrosoft, Сатја Надела ужива во поезијата. Ворен Бафет игра бриџ. Мајкл Дел чува коњи на неговиот ранч во Тексас. Претприемачите имаат најразлични навики надвор од работата, вклучувајќи јога или боречки вештини, итн. Многумина рекоа дека  преку хоби го зајакнуваат своето тело и ум и им помагаат да се фокусираат кога се на работа. Изберете хоби што ќе го зајакне вашиот ум и тело. Тогаш ќе бидете посилни, пофокусирани и подобри на работа.

Фокусирајте се на она во што сте добри

Ефективните претприемачи се фокусираат на она во што се одлични, додека другите задачи ги оставаат на другите. На пример, некој кој е способен да развие некој моќен софтвер може да заработи многу пари, но тоа не значи дека тој или таа ќе бидат добар извршен директор затоа што за тоа се потребни различен пакет на вештини.

Фото:Pexels