Ford ќе инвестира 200 милиони евра во Романија

27

ford

Американската компанија Ford Motor Co. ќе инвестира 200 милиони евра за производство на помало спортско возило EcoSport во погоните во Крајова, Романија, изјави извршниот директор задолжен за Европа, Џим Фарли, јавува Ројтерс.

Ford го презеде романскиот производител на автомобили Automobile Craiova во 2008 година и таму го произведува моделот B-Max. Производството на помалиот спортски теренец EcoSport ќе почне на есен 2017 година.

Фарли очекува оваа година Ford да продаде преку 200.000 спортски теренци, што би било зголемување за 30% во споредба со минатата година.