(Фото) Финалниот дизајн на медалите од рециклирана електроника за Олимпијадата во Токио

44

Медалите за претстојните летни Олимписки игри во Токио следната година, го добија својот финален изглед. Победничкиот дизајн е на Јуничи Каваниши, кој беше одбран во конкуренција од 400 дизајнери.

Во изминатите две години, организаторите на Олимпијадата собираа стари електронски уреди низ Јапонија, со цел да создадат медал од рециклиран метал којшто ќе ги промовира еколошките аспирации на глобалниот спортски настан.

Медалите, коишто се 100% одржливи, ја прикажуваат грчката божица на победата Ника, симболот на Олимписките игри, петте прстени и симболизираат дека борбата за победа треба да биде секојдневна.

Нивниот дијаметар изнесува 85 милиметри, а тежат од 556, 550 и 450 грама.

Ќе има вкупно 5.000 медали, а еве како истите ќе изгледаат одблизу.


Фото:Tokyo 2020