General Motors повлече речиси 69.000 електрични автомобили

32

General Motors викендов повлече 68.687 електрични автомобили Chevrolet Bolt, откако имаше неколку инциденти со пожар на батериите.

Досега се забележани пет слични случаи кај автомобили произведени од 2017 до 2019 година. Според Националната управа за безбедност на патниот сообраќај, најголем дел од повлечените автомобили (речиси 51.000) се наоѓаат на територијата на САД.

Како резултат на овие инциденти, беа повредени две лица кои се затруле од гасовите при горењето. Според автомобилскиот производител, во сите случаи батериите биле наполнети целосно и им препорачува на сопствениците на колите батериите да ги полнат до 90%.

General Motors соопшти дека работи со регулаторот за одредување на причината за пожарот во батериите.

Фото: Facebook