Германците ги заменуваат Американците во луксузно сместување во Хрватска

63
relax sofa and window

Анкетата што ја спроведе Групацијата на единствени луксузни хотели во Хрватска покажа дека во и тој сегмент од туризмот структурата на гости е значајно променета. Пред појава на коронавирусот, САД беа приоритетен пазар за поголемиот дел од испитаниците, а сега тоа се Германците, пренесува Seebiz.

Податоците покажуваат дека расте бројот на туристи во Хрватска кои пред пандемијата одбирале луксузни дестинации, од типот на Бахами или Сејшели, а голем дел од нив најавиле дека повторно ќе ја посетат Хрватска.

“Во овој момент поголемиот дел од гостите се од германско договорно подрачје и од Хрватска, а значително е зголемен бројот на туристи од Украина, Унгарија, Полска, Чешка и слично. Во најголем дел се работи за гости кои доаѓаат со сопствен автомобил, има и одреден дел коишто доаѓаат со авиони, па дури и приватни летови. Искуствата со нив ни се исклучително позитивни и во најголемиот дел од случаите станува збор за гости што доаѓаат за првпат во Хрватска, барајќи алтернатива за луксузни дестинации коишто претходно ги посетувале“, вели Сандра Јуриќ, директорка за продажба и маркетинг во хотелот Meneghetti.

Меѓу анкетираните, најголем дел се привлечени од онлајн огласувањето, без разлика дали се работи за реклами на социјалните мрежи, Google или Booking.