Германска поддршка за проектите ПВЕ Богданци и ХЕЦ Шпиље 2

84

energijaВицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска ќе ја потпише Спогодбата помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Сојузна Република Германија за финансиска соработка 2012 година за “Програма енергетска ефикасност и обновливи енергии фаза III” во вредност од 35 милиони евра.

Од нив 15 милиони евра ќе бидат искористени за доизградба на Паркот на ветерни електрани (ПВЕ) Богданци, а останатите за реализација на проектот ХЕЦ Шпиље 2.
Во изминатата година АД Електрани на Македонија ги заврши сите потребни меѓународни тендерски постапки за избор на опрема и изведувачи на проектот ПВЕ Богданци, од изградба на потребната инфраструктура, до изведувач на изградбата на ветерните електрани. Компанијата потпиша договор со Сиеменс Винд од Данска во конзорциум со грчки Сиеменс АС за испорака, транспорт, монтажа, пуштање во работа и одржување на шеснаесет турбини на ветер за ПВЕ Богданци, пишува Миа.
Во моментов веќе се работи на изведбата на потребната инфаструктура и придружни објекти за ветропаркот преку договор со конзорциумот Терна Сименс за изведба на патна инфраструктура, приклучен далекувод, командна зграда и 20/110 киловолтна трафостаница.
Дел од средствата за реализација на проектот чијашто проценета вредност е 55,5 милиони евра се обезбедени преку кредит од германската КфВ банка во износ од 47,9 милиони евра, а 7,6 милиони евра обезбеди АД ЕЛЕМ од сопствени средства.