Германската економија нема да закрепне наскоро

Германската економија сè уште не е на пат кон закрепнување, оценува Министерството за економија. ”
Сегашните рани показатели сè уште не упатуваат на одржливо закрепнување на економијата во наредните месеци“, објави Министерството во понеделникот.

Иако приватната потрошувачка, еден од столбовите на германската економија, неодамна се стабилизира, состојбата на надворешната трговија влијае на производството и извозот.

Во јуни индустриското производство беше во рецесија од 1,3 отсто, особено нагло во автомобилската индустрија и градежниот сектор.

Приходите од малопродажба, без автомобили, се намалени во јуни во однос на претходниот месец, но во вториот квартал се повисоки за 1,3 отсто отколку во првиот квартал.

Истовремено, бројот на пријави за стечај на фирми во мај е за 3,5 отсто поголем од април и дури 19 отсто поголем во однос на бројката од мај лани.

Показателите како нарачките и деловната клима, како и состојбата на глобалната економија, не укажуваат на закрепнување на германската економија во блиска иднина, заклучува Министерството за економија.