Германски 4K Invest и официјално мнозински сопственик на Adria Airways

111

adria airways

Германскиот инвестициски фонд 4K Invest и официјално е мнозински сопственик на словенечкиот авиопревозник Adria Airways, соопшти словенечкиот државен холдинг (СДХ).

СДХ соопшти дека AA international aviation holding GmbH, на германскиот инвестициски фонд, презел 6.343.743 акции на Adria Airways или 83,01% од главнината. 4K Invest, вклучувајќи го и зголемувањето на капиталот од осми овој месец, сега поседува 96,06% од акциите во словенечкиот авиопревозник.

На осми март, словенечките власти уплатија 3,1 милион евра, додека германскиот инвестициски фонд додаде еден милион евра, како зголемување на капиталот на Adria Airways.

Во следните денови се очекува преостанатите 4% од акциите да им бидат понудени на неколку акционери во компанијата.

“Ние сме задоволни што процесот на продажба успешно се затвори,  продажбата ќе овозможи компанијата да се стабилизира и да обезбеди основа за реструктуирање со новиот купувач, а во исто време ќе се одржува иднината на словенечкиот авиопревозник. Сето тоа ќе овозможи долгорочни позитивни ефекти врз буџетот, словенечката економија и сите акционери во компанијата“, изјави Марко Јазбек, претседател на Управниот одбор на СДХ.