Глобално претставување на Windows 10

4

windows 10 111

Новиот оперативен на Microsoft, Windows 10 денеска се претставува на глобално ниво.

Microsoft го претставува новиот оперативен систем во повеќе градови, поврзани со глобалната рекламна кампања и серија од хуманитарни донации. Околу пет милиони луѓе ширум светот, кои се запишани во претходната тест програма, ќе можат веднаш да го преземат Windows 10.

Од компанијата изразуваат надеж дека во првите неколку месеци новата генерација на Windows бесплатно ќе ја инсталираат десетини, ако не и стотина илјади лица, пишува Inc.

Windows 10 ќе може да се инсталира за компјутери и таблети, а исто така е компатибилен и за други мобилни уреди.

Со оглед на тоа дека Microsoft повеќе нема да го надградува Internet Explorer, новиот оперативен систем нуди нов пребарувач Microsoft Edge.