Ѓоковиќ со главна улога во новата кампања на Peugeot Sport Engineered

89

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, кој е еден од амбасадорите на Peugeot, повторно ги здружува силите со компанијата, овој пат за кампањата на 508 PSE.

Peugeot започнува нова рекламна кампања за 508 PSE и истата се поклопува со отворањето на вториот гренд-слем турнир во сезоната, Отвореното првенство на Франција, попознато како Ролан Гарос. За таа цел, француската компанија го ангажираше Новак Ѓоковиќ, официјално најдобриот тенисер на светот, а воедно и амбасадор на брендот, да биде главниот протагонист во новата кампања.

Кога станува збор за Peugeot 508 PSE, треба да се истакне дека перформансниот модел се одликува со plug-in хибридна технологија која испорачува 360 КС и погон на сите четири тркала, а покрај силните перформанси, овозможува и ниска емисија на штетни гасови, што особено му се допадна на Ѓоковиќ, кој е познат како активист за заштита на околината.

Со својата историја, својата амбициозна стратегија за електрификација и “Моќта на изборот“ што им дава на клиентите можност да изберат различни типови мотори, Peugeot продолжува со својата силна посветеност на енергетската транзиција. 508 PSE го потврдува ова со воведување на концептот на Нео-перформанси, поодговорни и поисполнителни перформанси.

“Кај Peugeot, Нео-перформанси значи одговорни спортски автомобили, совршен спој помеѓу спортска и електрифицирана технологија, за ниска емисија на CO2. Како водечки светски тенисер, Новак Ѓоковиќ е идеален амбасадор за нашиот нов 508 Peugeot Sport Engineered. Ова се рефлектира во нашата нова рекламна кампања, чии клучни зборови се високи перформанси и еколошка одговорност“, вели Линда Џексон, извршен директор на францускиот бренд.

“Јас сум многу горд што го претставувам брендот Peugeot на мојот дрес и задоволен сум што имав чест да бидам еден од првите што возеа 508 Peugeot Sport Engineered. Како спортист и како одговорен граѓанин кој е особено внимателен околу заштитата на околината, јас со задоволство и верба ја поддржувам стратегијата за електрификација на Peugeot. Исто така, особено го ценам фактот дека Peugeot обезбедува мобилност за играчите на Ролан Гарос со целосно електрифицирана флота возила“, истакна Новак Ѓоковиќ.

Преземено од Avtoplus.mk