Goldman Sachs повеќе не е резервирана само за богатите: Може да инвестира и некој со 1.000 долари

45

Goldman Sachs, една од водечките инвестициски банки во светот, направи голем чекор кон отворање на својата деловна активност за сите заинтересирани страни. Тие лансираа апликација за инвестиции што ќе биде достапна на секој што има најмалку 1.000 долари вишок за инвестирање.

Па сега, дури и малите инвеститори ќе можат да инвестираат пари во одредени портфолија.

Goldman Sachs, банка која инаку беше свртена кон богата клиентела, полека презема чекори за проширување кон пошироката јавност.

Фото: Freepik