Голема Твитер аукција: од знакот сина птица до слики, инструменти и масички за кафе

Мултимилијардерот Илон Маск го продава на аукција знакот на Твитер што до неодамна беше на врвот на зградата на компанијата (сината птица), како и други предмети од компанијата, само неколку недели по ребрендирањето.

За потсетување, поранешниот Твитер сега е компанија Х.

Помеѓу 584-те понудени предмети се маси за кафе, кафези со птици и слики, како онаа на поранешниот американски претседател Барак Обама и неговата сопруга Мишел.

Многу други слики, сепак, станаа вирални, како онаа на која се гледа водителката Елен Деџенерис со филмски ѕвезди – познатото селфи од Оскарите во 2014 година.

Неколку десетици маси и столици, како и штанд за диџеи и значителен број музички инструменти се наведени на аукција.

Како што потсетува Би-Би-Си, откако ја купи платформата за социјалните медиуми минатата година, Маск укина илјадници работни места во обид да ги намали трошоците.

Патем, оваа аукција се нарекува „Ребрендирање на Твитер: онлајн аукција со сувенири, уметност, канцелариски средства и повеќе!“.

Како што се вели понатаму, еден од знаците што ги нуди Twitter е сè уште прикачен на седиштето на компанијата на 10-тата улица во Сан Франциско, поточно познатата сина птица сè уште е поставена на страната на зградата.

Минималната понуда за секој лот е 25 долари, според аукциската куќа Heritage Global Partners, а наддавањето започнува на 12 септември и е планирано да заврши два дена подоцна.