Google вработува 36 експерти за работа на самоуправувачките автомобили

24

google-avtomobil

Технолошкиот гигант Google објави оглас за 36 слободни работни места поврзани со проектот за самоуправувачките автомобили, пишува CNBC.

Во рамки на проектот, планирано е вработување на инженери што ќе работат на контрола на движењето на самоуправувачките автомобили, инженери за роботика, експерти што се занимаваат со сензори, како и стручњаци за маркетинг.

Google ги засили активностите поврзани со овој проект, па така во септември минатата година го ангажираше Џон Крафцик, поранешен главен извршен директор на Hyundai motors, на чело на одделот задолжен за самоуправувачки автомобили.

Во овој момент Google ги тестира самоуправувачките автомобили во повеќе градови во САД. Овие возила досега самостојно поминаа над два милиона километри.

Google во 2014 година го претстави прототипот на овој вид автомобили, што се движат само со притискање на едно копче.