Grawe Real Estate Group ја презеде сопственоста врз Хипериум Бизнис Центар во Скопје

81

hiperium-02-05

Инвеститорот во недвижности Grawe Real Estate Group во целост ја презеде сопственоста врз Хипериум Бизнис Центарот во Скопје. Forton, како партнер на Cushman & Wakefield за Македонија, го водеше процесот на продажба, претставувајќи го продавачот, Centrice Real estate GmbH.

До 14-ти јули 2017 година, Хипериум Бизнис Центарот беше во целосна сопственост на Centrice Real estate GmbH, компанија со седиште во Австрија, стои во соопштението.

Хипериум Бизнис Центарот е А класа канцелариски простор, кој се наоѓа во централната бизнис зона во Скопје. Објектот вклучува површина од 7.000 м2 за изнајмување, со 170 паркинг места. Како закупци се сместени високо репутабилни интернационални компании. Благодарение на неговата премиум локација и квалитет, Хипериум Бизнис Центарот претставува објект кој генерира стабилни приходи. Атрактивната можност за инвестирање во стабилни парични текови (приходи) генерирана од стабилни закупци го привлече вниманието на домашните и странските инвеститори во процесот на продажбата.

Одлуката на Grawe Real Estate Group да го преземе Хипериум Бизнис Центарот се заснова на целосното подобрување на средината и нивната доверба во проектот. Со преземањето на Хипериум Бизнис Центарот, Grawe Real Estate Group ја зајакнува својата водечка позиција во недоволно снабдениот пазар на класа А канцелариски простор.

“По периодот на стагнација во последните дванаесет месеци, продажбата на Хипериум Бизнис Центарот покажува дека интересите на инвеститорот се насочуваат кон недвижности кои генерираат стабилни приходи. Очекуваме дека ваквиот позитивен тренд ќе се протега и на останатите сегменти на пазарот”, вели Влатко Богоевски, генерален директор и партнер во Forton/Cushman&Wakefield.

Forton/Cushman&Wakefield и понатаму останува водечка консултантска компанија на полето на недвижности на македонскиот пазар со трансакции со вкупен обем од повеќе од 28 милиони евра во последните 8 месеци.