ГТЦ за шест месеци прокнижи добивка од над 25 милиони денари

23

gtc

Акционерското друштво Градски трговски центар, во период од први јануари до 30 –ти јуни оваа година, оствари вкупна сеопфатна добивка во висина од 25.041.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истото полугодие лани, компанијата прикажа добивка од 24.034.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во првите шест месеци од годината беа на ниво од 99.398.000 денари, додека истиот период лани достигнаа 105.332.000 денари.