Халкбанк златен спонзор на годинешниот Macedonia Manufacturing Expo

1

Халкбанка, една од најбрзо растечките банки во земјава, е златен спонзор на годинешното издание на Macedonia Manufacturing Expo. Спонзорството на Халкбанк е во насока на поддршка на иницијативата што ги воспоставува врските меѓу македонските и германските компании.

Со оваа поддршка банката вложува во потенцијалите за развој на македонското стопанство во целост.

Годинешното издание на Macedonia Manufacturing Expo се организира по третпат и негова цел е поврзување на домашните компании од металната и електро индустрија со купувачи од други земји, како и со странските директни инвеститори во земјава.

Настанот се одржува на 25 и 26 септември во Александар Палас во Скопје и е од регионален карактер на којшто учествуваат фирми од лесно преработувачка индустрија, електроника, пластика, гума и слично како и 30-35 фирми потенцијални купувачи од Германија, Грција и Бугарија, но и банки и осигурителни компании кои се неопходни во целиов бизнис.