Hertz излегува од стечај, инвеститори вложуваат 4,2 милијарди долари

46

Два американски инвестициски фонда ќе купат мнозински удел во Hertz за 4,2 милијарди долари, според планот за реструктуирање којшто треба да ѝ овозможи на компанијата за изнајмување автомобили да излезе од стечај на почетокот или средината на летото.

Инвестициските фирми Knighthead Capital Management и Certares Management ќе купат до 100% акции на Hertz, а рент-а-кар компанијата тие средства ќе ги пренасочи за финансирање на возниот парк во САД и намалување на корпоративниот долг, пренесува Ројтерс.

“Ја репозициониравме нашата деловна активност бидејќи се подготвуваме за зголемување на побарувачката за патувања, откако пандемијата полека се повлекува“, изјави генералниот директор на Hertz, Пол Стоун.

Компанијата Hertz е основана во 1918 година во Чикаго.

Фото: Facebook