Honda ѝ се приклучи на FCA во договорот со Tesla

31

FCA пред една година постигна договор со компанијата Tesla со цел да ги пресретне регулативите на ЕУ за CO2 емисии, а сега истиот потег го прави и Honda.

Новите регулативи за емисија на CO2 наметнати од Европската унија, односно од Европската комисија, се покажаа како сериозен проблем за автомобилските производители оваа година, пред се поради проблемите настаните од здравствената криза. Повеќето производители беа принудени привремено да запрат поради карантинот, што придонесе за тоа да не успеат да ги пресретнат регулативите, па сега се бараат алтернативни начини за да се избегнат казни. Еден од тие производители е и Honda којшто заедно со FCA добиваат помош од Tesla.

Се чинеше дека ЕК ќе има поголемо разбирање за сите овие проблеми, особено во оваа тешка година, но во Брисел очигледно немаат милост. Познато е дека Ford постигна договор со Volvo за откуп на CO2 кредити, додека “Синиот овал“ пак ќе понуди CO2 кредити за комерцијалните возила кои ќе ги искористи Volkswagen.

Како и да е, Autonews Europe пренесува дека Honda одлучи да се приклучи на FCA во пулингот на Tesla. Honda сега би требало да ги пресретне регулативите на ЕК и ЕУ, кои бараат од производителите да ја намалат просечната емисија на флотата во Европа на само 95 грама CO2 по километар. Оние кои нема да успеат во тоа ќе мораат да платат жестоки казни.

Се уште нема никакви информации околу тоа колку Honda ќе му плати на Tesla, но шефот на FCA изјави минатата недела дека неговата компанија ќе му плаќа на Tesla во текот на целата следна година во замена за помош околу пресретнување на емисионите стандарди.

Европската унија им дозволува на различни производители, па дури и ривали, да го понудат “вишокот“ на CO2 кредити со цел да се избегнат жестоки казни. Меѓу другите случаи тука е и Volkswagen којшто постигна договор со MG поради одложувањето на лансирањето на нивните електрични возила.

Преземено од Avtoplus.mk