Хрватска добива еднорог компанија

79

ИТ компанијата Infobip од Хрватска обезбеди инвестиција поголем а од 200 милиони долари од фонд за капитални инвестиции One Equity Partners (OEP). Со оваа инвестиција, Infobip и официјално стана еднорог компанија во Хрватска, бидејќи вредноста на компанијата надмина милијарда долари.

“ОЕР има богатство искуство во поттикнување на трансформативен раст во компаниите во коишто инвестира. Возбудени сме што ќе соработуваме со успешен тим во време кога Infobip расте“, изјави Силвио Кутиќ, извршен директор на Infobip.

Оваа хрватска компанија четири години по ред е најдобра во пружање на A2P SMS услуги на светот. Infobip минатата година оствари приход од 602 милиони евра, а во изминатите 10 години има просечен годишен раст од 48%. Компанијата е основана пред 14 години, а денес е голема глобална комуникациска платформа во облак (CPaaS- communication platform as a service), пишува хрватски Дневник.

Фото: Freepik