Хрватска на листата безбедни дестинации за патување на Германците

38

Во извештајот што го објави германското Министерство за надворешни работи, Хрватска е безбедна дестинација и нема никакви ограничувања за патување и враќање во Германија, соопшти Хрватското здружение за туризам, пренесува Пословни дневник.

Германија за Хрватска, како што се наведува, е најголем емотивен туристички пазар, а Германците во Хрватска веќе долги години се најбројни гости од странство.

Од почетокот на годината, Германци во Хрватска остварија повеќе од четири милиони ноќевања, од коишто 2,5 милиони во првите 20 денови од јули. Бидејќи во Баварија, од каде доаѓаат една третина од гостите во Хрватска, следната недела започнуваат празници, се очекува зголемен прилив на германски туристи кои ќе дојдат на одмор во Хрватска.

За скоро пет месеци, откако во Хрватска е забележан првиот случај на зараза со Ковид-19, нема официјални информации дека имало странски турист кој се заразил во земјата.

Фото: Freepik