Хрватска номинирана за најдобра дестинација во светот

48

Хрватска е номинирана во изборот за престижната награда Best Country award 2020, којшто популарниот британски магазин The Times & The Sunday Times и The Sun ја доделуваат на најдобрата земја во светот.

Во потесниот избор за наградата, што оваа година се доделува по осми пат, Хрватска се најде во друштво на најдобрите светски дестинации и тоа Франција, Турција, САД, Дубаи, Италија, Шпанија, Португалија, Грција и Тајланд, пишува ХРТ.

“Исклучително сме горди на оваа номинација што ни ја зацврсти позицијата што нашата земја ја ужива на британскиот пазар, а воедно ја потврдивме нашата зајакната маркетинг активност во Велика Британија што даде одлични резултати. Ги повикувам сите љубители на Хрватска да ја искористат приликата и да гласаат, којашто апсолутно заслужено се најде на оваа важна листа“, смета Кристијан Станичиќ, директор на Хрватската туристичка заедница.

Доделувањето на наградите ќе се одржи во ноември најверојатно по виртуелен пат, со оглед на моменталната епидемиолошка ситуација.

Фото: Freepik