Хрватска: Прометот во туризмот 44% од ланскиот

33

Директорот на Хрватската туристичка заедница (ХТЗ), Кристијан Станичиќ изјави дека Хрватска досега постигна 44% од минатогодишниот туристички промет, што е над проценките на ХТЗ, а само на ниво на јули се остварени 60% од ланските резултати, пренесува Index.hr.

“Ќе направиме што е во наша моќ јужните дестинации да дојдат на моменталниот национален просек, но многу работи зависат од авиосообраќајот. Имаме преку 80 воздушни линии кон Дубровник и Сплит. Во саботата британската влада воведе обврска за самоизолација за своите државјани кои се на одмор во Шпанија, по што ги зголемивме нашите промотивни активности“, рекол Станичиќ.

Тој додаде дека многу од работите зависат од епидемиолошката ситуација. “Принудени сме да ги следиме условите за патување и рестрикциите. Во постојан контакт сме со агенциите и најголемите туроператори“, рекол Станичиќ.

Јужниот дел на Хрватска има два милиони посети од странски гости, од кои пола милион доаѓаат од други континенти.

Фото: Freepik