Хрватска со најмногу странски туристи на Медитеранот

24

Хрватска е прва по бројот на странски туристи, покажуваат достапните податоци за бројот на гости од странство за Австрија, Шпанија, Кипар и Турција, пренесуваат хрватските медиуми.

Во оваа земја во јуни се забележани 25,3% од минатогодишните резултати, посетувајќи ја земјата 722.000 странски туристи, меѓу кои најмногу до Германија, Словенија и Австрија. Најголемиот дел од нив преферирале приватно или хотелско сместување, а како најомилена дестинација им биле Истра и Кварнер.

Хрватска според остварениот туристички промет е меѓу водечките дестинации на Медитеранот, а тоа го потврдува и податокот за 70% реализиран промет во август оваа во споредба со истиот месец лани.

Турција во јуни успеала да оствари 4% од минатогодишните резултати, поради тоа што доцна ги отвори границите за гости од странство.

Шпанија, пак, успеала да оствари само 2,32% од туристичкиот промет во јуни минатата година, со оглед на тоа што пандемијата зема голем замав во оваа земја.

Податоците покажуваат дека најлоши резултати има Кипар со само 9.000 странски гости.

Фото: Pixabay