Httpool продава простор за огласување на LinkedIn во 17 земји во Европа

133

linked in

Компанијата LinkedIn ја ангажираше Httpool како ексклузивен партнер за продажба на простор за огласување во централна и источна Европа, пишува еКапија.

Брендовите и маркетинг агенциите сега можат поблизу да соработуваат со локалните тимови за да можат на најоптимален начин да го искористат потенцијалот за огласување на LinkedIn.

Земјите што се поддржани преку ова партнерство се: Србија, Русија, Грција, Романија, Бугарија, Хрватска, Чешка, Словачка, Македонија, Словенија, Албанија, Украина, Летонија, Естонија, Литванија, Босна и Херцеговина и Унгарија.

“Сакаме да ги прошириме нашите услуги за огласување во регионот, за да може да ја искористите широката мрежа на професионалци ширум пазарите во централна и источна Европа. Го избравме Httpool како наш ексклузивен партнер поради важните корпоративни референци и силното географско присуство на сите наведени пазари“, изјави Фредерик Бернсел, директор за продажба на компанијата EMEA.

LinkedIn е најголема глобална професионална мрежа со повеќе од 384 милиони корисници во повеќе од 200 земји ширум светот. Платформата е достапна на 24 различни јазици.