Хуманоста е во тоа колку време ќе потрошиш, а не колку пари ќе дадеш

237
prva
Небојша Давидовски, основач на првиот Lions Club во Македонија

Хуманоста не е во тоа колку пари ќе дадеш, туку колку време ќе потрошиш помагајќи им на оние на кои тоа им е најпотребно, смета Небојша Давидовски, основач на првиот Лајонс клуб (Lions Club) во Македонија. Зборува за почетоците на лајонизмот во Македонија, бројните проекти, акции, филозофијата и начинот на кој еден член на Lions одвојува од своето време за да им помогне на луѓето и да работи за доброто на заедницата.

БИ: Каде се почетоците на Лајонс клубот во Македонија и дали во тоа време постоеше интерес?

Првиот Лајонс клуб во Македонија е отворен во 1997 година со претходно спонзорство на словенечкиот клуб. За прв пат знакот го видов кога бев во Атланта на Олимпијадата и ми остави впечаток, а потоа во Словенија го видов истиот знак и така влегов како член во Словенија. Потоа заедно со Словенците го пренесов во Македонија, почнавме некаде во 1995-та година. Собрав една група интелектуалци од Македонија и првиот состанок беше во Hard Rock. Инаку, постоеше интерес, иако тоа тогаш беше непознато, не беа скептични, бидејќи видоа за што се работи. А денес веќе има огромен интерес, бидејќи има 42 клуба со над 1.000 членови.

БИ: Кои акции досега ги спроведуваше Лајонс клубот во Македонија и каков е повратниот ефект од истите?

donaciiВо Македонија има илјадници акции. Ние сме организација за која важи мотото “Кога нешто даваш, немој да се фалиш”. Тоа беше мотото, но сега Чикаго (каде што е седиштето) бара тоа да се објавува и да се информира за сите акции. Фактички, хуманоста е во тоа колку го трошиш времето, а не колку пари си дал, хуманоста се состои во трошење на време и да му помогнеш на оној на кој тоа му е потребно. Најголема донација што може еден човек да ја даде е времето. Не е целта да дојдеш во Лајонс и да извадиш 10.000 евра. Потребно е позитивно да мислиш, да заборавиш на проблемите и да се дружиш. Има акции кои се организирани во самите клубови, тоа се програмски акции, има акции кои се со донации и грантови, се собира фонд во Чикаго, се аплицира и се добива. Првиот грант го имавме за Косово, 100.000 долари за бегалската криза, им помагавме на луѓето тогаш. Тоа го направи првиот клуб во Скопје 1999-та година. Потоа, изградивме мала зграда, игротека во Детската клиника во Скопје, спонзори сме на Специјалната олимпијада, на Домот за деца без родители, им помагаме на бездомници, стари лица, слепите лица. За Лајонс важна е и екологијата, па Денот на дрвото и засадувањето бели рози се наши иницијативи. На Лајонс целта е и постојана едукација, па овозможуваме и бесплатни очни прегледи, а иницијатори сме за рано откривање на слепило и аутизмот.

БИ: Каква е соработката на Лајонс со домашните и институциите во светот?

Ние сме советодавно тело во Обединетите нации, еден ден има специјално определен за Лајонс, каде што сум бил присутен и јас. Тој ден генералниот секретар на Обединетите нации доаѓа на ручек со нас и го посветува на Лајонс. Претежно има предавања за дрога, борба против корупција, финансиски криминал, едукации. Лајонс има и комуникации со амбасади, а имаме повеќе амбасадори кои се наши членови. Организираме и дебати со нив за проблемите во Македонија. Имавме средби со амбасадори со кои разговаравме за визите, за името и многу проблеми со кои се соочуваат луѓето. Ние меѓу првите побаравме да патуваме кај соседите со лични карти. Тоа што ни било потребно сме го побарале и на тој начин и помагаме и на Владата. Сега заедно со општина Штип, во јуни месец ќе почнеме да градиме болница за аутизам во Македонија. Добиен е и грант од 500.000 долари за изработка на софтвер за инклузија на децата кои учат во посебни училишта да не бидат одвоени и изолирани, туку да учат со останатите дечиња и да бидат приклучени во училиштата во нивните градови, а не да патуваат. Овој проект ќе се реализира во 14 училишта низ Македонија.

БИ: Кој сѐ може да стане член на Лајонс и дали мора да се исполнат посебни услови за тоа?

2Може да дојде секој кој е подготвен да и служи на заедницата. Но, сепак се води сметка за приемот бидејќи целиот клуб треба да гласа за да се прими. Треба да има квалитет и нешто да значи во друштвото, но не мора да биде тајкун и да има пари. Имаме и професори и доктори и банкари, бизнисмени, спортисти. Пожелно е од сите струки да бидат во Лајонс, бидејќи секој може да придонесе и секој може да го потроши своето време. Пејачите собираат средства преку настапи на хуманитарни концерти, а уметниците донираат свои дела кои потоа одат на аукција. Но, сите се со една цел, а тоа е да помогнат во рамки на своите можности. Нема политика и религија, нас не не интересира од која партија се, за време на состаноците во клубот не смее да се дебатира за политика, а не е забрането да се биде симпатизер. Она по што сме препознатливи се значките.

БИ: Кои од Лајонс клубовите на Балканот се најактивни?

Најактивни се турските клубови, па после сме ние. Во последните пет години Македонија е најдобра држава според бројот на жителите и раст на Лајонизмот. Јас го имам добиено и одликувањето за Амбасадор на добра волја од Обединетите нации, тоа го имаат многу познати личности. Тоа не е само моја заслуга, туку е круна на работата на сите членови. Од седиштето на Лајонс ги следат сите наши активности, следат дали се донираат средства, дали се зголемува членството. Доколку видат резултати, одвојуваат средства од 1,4 милиони членови низ целиот свет, кои понатаму се трошат за хуманитарни цели, се обезбедува помош на подрачја и луѓе зафатени со елементарни непогоди ширум светот.

rozi

БИ: Колку, според вас, е силно влијанието на поединецот врз општеството?

Во еден клуб има различни структури и различни професии, но нема некој да наметнува волја. Член на Лајонс е американскиот претседател Барак Обама, поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, милијардерот Бил Гејтс, членови на кралски семејства, но кога ќе се сретнеме со нив, тие се однесуваат како обични луѓе. Во Македонија малку се бориме да ја дотераме таа атомсфера, некои сакаа да покажуваат елитизам, но лајонизмот не е елитизам. Треба да се троши времето на хуманост.