ИЕА предвидува забавување на побарувачката на нафта во 2024 година

50

Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) објави дека растот на побарувачката на нафта следната година ќе биде побавен од претходните проценки, наведувајќи ги слабите макроекономски услови, бавното закрепнување по пандемијата и зголемената употреба на електрични возила.
Растот на побарувачката на нафта ќе забави до 1 милион барели дневно во 2024 година, објави париската агенција во својот месечен извештај за пазарот на нафта во август, што е намалување за 150.000 барели дневно во однос на претходните прогнози.

– Глобалните економски изгледи остануваат предизвикувачки и покрај зголемените каматни стапки и построгите банкарски кредити, кои вршат притисок врз компаниите кои веќе се борат со забавување на производството и трговијата, соопшти ИЕА.

Намалената понуда го поддржува растот на цената на нафтата, па така во четвртокот барел сурова нафта во Лондон се тргуваше над 88 долари, по највисока цена од јануари. ИЕА предупреди дека глобалните залихи би можеле нагло да паднат во остатокот од 2023 година, што потенцијално ќе ги зголеми цените уште повеќе.

Во 2023 година, глобалната побарувачка на нафта се очекува да порасне за 2,2 милиони барели дневно, поттикната од воздушниот сообраќај во празничната сезона, зголемената употреба на нафта во производството на електрична енергија и растот на петрохемиските активности во Кина.

Оваа прогноза остана речиси непроменета во однос на претходната оценка на ИЕА.

102,2 милиони барели дневно
Просечната побарувачка оваа година се проценува на 102,2 милиони барели дневно, при што Кина учествува со повеќе од 70 отсто од растот, и покрај загриженоста за економското здравје на најголемиот увозник на нафта во светот.

Фото: Facebook