Илон Маск не е веќе втор најбогат човек во светот, го симна Европеец

148

Основачот на Тesla и SpaceX, Илон Маск, веќе не е вториот најбогат човек во светот. Богатството на Маск е помало за 6,2 милијарди долари, што го стави на третото место на листата на Forbes за најбогати луѓе во светот.

Падот на богатството на Маск започна во средата, кога изгуби околу 6,5 милијарди долари. Некое време беше на трето место, но потоа промените на пазарот го вратија на второто место. Сепак, како што пренесува Entrepreneur, денеска акциите на Теsla паднаа за 5%. Богатството на Маск сега се проценува на 150,9 милијарди долари.

На второто место сега се наоѓа извршниот директор на групацијата LVMH, Бернард Арно, со богатство од 154,3 милијарди долари.

Фото: Pixabay