Имаат најголеми резерви на литиум во светот: Отворена фабрика за „минералот на иднината и сегашноста“

96

Во Зимбабве е отворена фабрика за преработка на литиум, вредна 300 милиони долари, чии резерви на литиум се меѓу најголемите во светот.

Фабриката ја отвори рударската компанија „Проспект литиум Зимбабве“, подружница на кинеската компанија „Жеѓанг Хуаџу Кобалт“, јавува Асошиетед прес.

Претседателот на Зимбабве, Емерсон Мнангагва, објави дека фабриката има капацитет да преработи 4,5 милиони тони тврд литиум во концентрат за извоз годишно.

„Литиумот е минералот на сегашноста и иднината, а додадената вредност ќе ја позиционира нашата земја како нов и конкурентен играч во глобалниот синџир на вредност на литиумот“, рече Мнангагва.

Зимбабве го забрани извозот на сурова литиумска руда минатата година, приклучувајќи им се на Индонезија и Чиле кои исто така воведоа забрани за да го максимизираат својот профит.

Проспект Литиум Зимбабве, заменик-управниот директор Тревор Барднард рече дека компанијата има за цел првично да обработува 450.000 тони литиум секоја година.