Индекси на цените во угостителството

18

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во септември 2013 година, во споредба со август 2013 година, остана на исто ниво.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Алкохолни пијалаци за 0,1%.

Индексот на цените на угостителските услуги во септември 2013 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 1,9%.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари- септември 2013 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 1,3%, додека во однос на декември 2012 година е зголемен за 1,1%.