Индустриската зона Жабени подготвена за инвеститори и нови вработувања

30

yabeni500Во индустриската зона Жабени, кај Битола, вчера беа пуштени во употреба два инфраструктурни проекти, пречистителна и трансформаторска станица, чија инвестиција изнесува околу 1,8 милиони евра.

“Двете инвестиции се резултат на соработката меѓу Владата и локалната самоуправа. Со овие инвестиции се заокружуваат главните прашања за инфраструктурата во индустриската зона Жабени. Ќе се пречистуваат сите отпадни води од индустриските објекти што ќе работат во Зоната, а со трафостраницата ќе имаат квалитетно снабдување со електрична енергија”, изјави вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски на пуштањето во употреба на двата инфраструктурни проекти.

За трафостаницата Владата инвестираше 80 милиони денари, а пречистителната станица е финансирана од локалната самоуправа во Битола во висина од 500 илјади евра.

“Овие капитални инвестиции потврдуваат дека сме најподготвени и дека создаваме услови за нови вработувања. Овој проект ќе го смени животот во општината и цел регион”, истакна градоначалникот на Битола Владимир Талевски.