
Државниот завод за статистика денеска објави дека Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во ноември 2025 година во однос на претходниот месец се зголемени за 0.5 %.
Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно (на домашниот и на странскиот пазар), во однос на претходниот месец, се зголемени во секторот Рударство и вадење камен за 4.2 %, во секторот Преработувачка индустрија за 0.4 %, во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација има намалување од 0.5 %, додека во секторот Снабдување со вода; отстранување вода, управување со отпад и дејности за санација на околината остануваат непроменети.
Во ноември 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се зголемени во секторот Рударство и вадење камен за 6.3 %, во секторот Преработувачка индустрија за 3.6 %, во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација и во секторот Снабдување со вода; отстранување вода, управување со отпад и дејности за санација на околината за 6.9 %.
Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во ноември 2025 година се зголемени за:
- 0.5 % во однос на претходниот месец
- 3.9 % во однос на истиот месец од претходната година














