Интересен совет за држава во минус – На сите граѓани 1.200 долари на рака

144

Властите во Хонг Конг планираат да ги намалат обилните фискални резерви за да ја стимулираат економијата заглавена во рецесија. Тие на граѓаните ќе им понудат 10. 000 ХК долари односно 1.287 долари во облик на ваучери, што е само една од мерките, соопштија од ревизорската компанија KPMG LLP.

Градот се очекува да забележи консолидиран буџетски дефицит од 61 милијардa долари (47,7 милијарди ХK долари) за фискалната година 2019-2020 година.

Тоа ќе биде прв дефицит во последните 15 години, што е последица на порастот на стимулативна потрошувачка, редовни трошоци како и намалени приходи, соопштија од KPMG.

“Владата на Хонг Конг треба да го избегне искушението да ги зголеми даноците или да ги намали трошоците во време кога градот, всушност, треба да ги заштити, па дури и да ги зајакне своите програми за домашна поддршка “, рече Џон Тимпани, партнер и шеф за даноци во Хонг Конг за KPMG Кина.

KPMG предложи голем број на краткорочни и долгорочни мерки за трошење, кои вклучуваат:

1. Давање на ваучери за електронско трошење во вредност од 1.287 американски долари на постојани жители на возраст над 18 години за промовирање на потрошувачката во локалните бизниси.

2. Даночни олеснувања за локалните бизниси како што се одложено плаќање и делумно откажување од однапред платен данок.

3. Продолжување на субвенциите за закуп на научниот парк во Хонг Конг, Cyberport и другите јавни институции на шест до 12 месеци.

4. Поддршка за вработените родители.

5. Долгорочно подобрување на конкурентноста на Хонг Конг со усвојување похрабри даночни олеснувања за привлекување странски инвестиции.

Фото: Pixabay