Интересна колекција на 3D печатени вазни

407

3D-printed-vases-57028f1c527d7__880Либеро Рутило италијански дизајнер креираше необична колекција на вазни, комбинирајќи искористени материјали и технологија со 3D печатење. Со тоа тој ѝ дава нов живот на пластичната ПЕТ амбалажа. Ваквиот тип на шишиња обично се фрлаат откако ќе се искористат, но Рутило со своите креации придонесува за уште една шанса.

Неговата идеја беше да создаде вазни коишто имаат само надворешна силуета. Формата, потоа се навлекува на пластично шише со капаче во коешто има вода. Печатената 3D креација служи како еден вид на облека под чијшто дизајн шишето не се ни забележува.

Колекцијата вазни вклучува четири различни дизајни: Spider vase со мотиви на пајакова мрежа, Sinuous Vase – брановидни детали, Lace Vase – детали што потсетуваат на чипка и Knitted Vase или плетена вазна.

how-it-works_1-57028f1fcacb0__880how-it-works_2-57028f23211e6__880