
Комерцијална банка започнува со исплата на јулските пензии од петок, 1 август 2025 година. Пензионерите кои користат дебитни картички ќе можат да располагаат со средствата уште истиот ден.
За оние кои претпочитаат да ја подигнат својата пензија во филијала или експозитура, исплатата ќе биде достапна од 1 август, како и во секој нареден работен ден.
Локациите на филијалите и експозитурите на Комерцијална банка може да се најдат на официјалната веб-страница, преку достапната мапа со сите објекти низ државата.













