Италијанци го откажуваат одморот во Хрватска

100

Ограничувањата што Италија ги воведе за сите оние кои се враќаат од Хрватска, Грција, Малта и Шпанија веќе доведе до откажување на резервациите на италијанските туристи во Хрватска.

Одлуката за задолжителен негативен тест, не постар од 72 часа, предизвика загриженост меѓу италијанските туристи кои го откажуваат своето патување во Хрватска, пренесува Индекс.

“Цело утро добиваме повици од италијански туристи на кои им е жал поради оваа одлука. Но, и понатаму покажуваат интерес за Хрватска и сакаат да дојдат во нашата земја“, вели Вивиана Букелиќ, директорка на Претставништвото на хрватската туристичка заедница во Италија.

Летувањето преку ноќ се искомплицира за италијанските туристи кои одмараат во Хрватска, а во овој момент ги има околу 46.000 на број.

Фото: Freepik