Иза и Само Логин и оваа година најбогати Словенци

166

Сопружниците Иза и Само Логин шеста година по ред се најбогати жители на Словенија. Според магазинот Manager, вкупниот имот на 100-те најбогати Словенци е 5,6 милијарди евра, што е намалување во однос на претходната година.

Инаку, имотот на сопружниците Логин, кои се основачи на компанијата Outfit7, се проценува на 689 милиони евра, исто колку и минатата година.

Инаку Outfit7 е компанија што е препознатлива по апликација Talking Tom, a беше продадена на азиски инвеститори за една милијарда долари пред две години.

На второ место се најде Санди Чешко, основач на Studio Moderna, со имот од 296 милиони евра. Трет најбогат Словенец е Марко Пистоткник со богатство од 210 милиони евра.

На оваа листа се најде едно ново лице и десет лица или семејства кои по кратко време се вратиле меѓу 100-те најбогати. За да може некој поединец или семејство да се најде на оваа листа треба да има богатство од над 22 милиони евра, праг што е намален во споредба со претходната година кога изнесуваше нешто над 24 милиони евра.

Фото: Facebook