Издадени 169 одобренија за градeње во јуни

21

Вкупно 169 одобренија за градење се издадени во јуни, што е за 6,1% помалку во однос на истиот период минатата година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 1.933.421.000  денари што е за 28,2% повеќе во однос на истиот месец од претходната година. 

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 126 или 74,6% се наменети за објекти од високоградба, 18 односно 10,6% за објекти од нискоградба и 25 т.е. 14,8% за објекти за реконструкција. Од вкупно 169 објекти, на 119 или 70,4% како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 50 објекти односно 29,6% инвеститори се деловни субјекти. 

Во извештајниот период е предвидена изградба на 292 стана со вкупна корисна површина од 26.765 метри квадратни.