Издадени помалку одобренија за градење во август

30

Во август оваа година се издадени 184 одобренија за градење, што е за 12,4% помалку во однос на истиот месец од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3.173.512.000 денари, што е за 36,4% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 112 (60,9%) се наменети за објекти од високоградба, 25 (13,6%) за објекти од нискоградба и 47 (25,5%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 184 објекти, на 105 (57,1%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 79 (42,9%) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 582 станови, со вкупна корисна површина од 42.943 метри квадратни.

Фото: Freepik