Како ќе се однесуваат луѓето ако државата им дава по 500 долари месечно

54

Не знаеме што иднината ни носи и дали роботите навистина ќе ги заменат нашите работни места и како тогаш ќе заработуваме плати. Има сè повеќе застапници за универзален приход, односно бројката што секоја држава би ја плаќала на секој жител секој месец, без оглед дали тие работат и колку пари имаат.

Она што не го знаеме е како би се однесувале луѓето кога би добиле такви бесплатни пари, па многумина се прашуваат дали би ги демотивирало да продолжат да работат (бидејќи зошто би поминувале време на работа, кога пари може да се добијат без работа), или би се препуштиле на пороци и слично. Досега се спроведени некои истражувања во кои научниците се обидоа да добијат одговор на ова прашање, а последното беше спроведено во градот Стоктон, Калифорнија, а резултатите од тоа истражување беа неодамна објавени.

Истражувањето е финансирано од филантропската организација Economic Security Project, каде еден од основачите е и коосновач на Facebook, Крис Хјуз.

Американскиот град за период од две години, почнувајќи од февруари 2019 година, на дел од жителите со пониски примања (125 од нив) им давал по 500 долари месечно, а сите што ги добиле парите немале ограничувања за начинот на трошење. Треба да се напомене дека досега анализираните резултати се однесуваат само на првата година од овој експеримент (непосредно пред короната да го опустоши светот и САД) и според нив, луѓето кои добивале пари имале двојно поголема шанса да се вработат во споредба со остатокот од населението.

Исто така, парите што ги добиле имале позитивно влијание врз нивното здравје и биле помалку вознемирени и депресивни, се чувствувале помалку уморни и физичка болка поврзана со лошо емоционално здравје.
Благодарение на позитивните примери од тој град, градоначалниците на другите помали градови во САД размислуваат или веќе започнале слични експерименти.

Пред неколку години во Финска беше направен сличен експеримент во којшто во текот на две години повеќе од 2.000 невработени на возраст меѓу 25 и 28 години секој месец добивале по 560 евра. Резултатите покажуваат дека лицата кои примале пари биле посреќни во однос на контролната група, додека бројот на лица кои учествувале во проектот, а кои добиле работа, не бил значително зголемен.

Ако луѓето имаат приход, дури и ако не работат ништо, ќе се посветат на усовршување и ќе влегуваат во бизнис предизвици. Ова била идејата на Финска. Се покажало дека вработеноста не се зголемила, но стресот и несигурноста се намалиле.

Фото: Pixabay