Како патуваат богаташите и покрај ограничувањата?

153

Пријавите за пасош во елитниот свет на миграции не се темели на државјанство, колку на богатство и подготвеност на тој начин слободно да патуваат низ светот. богаташи не само што префрлаат пари во земјите, туку ги користат и предностите од државјанствата, вклучувајќи и нов пасош.

Во последните неколку години, златните визи беа меѓу главната конкурентност за некои земји. Па така, инвеститори кои располагаат со богатство од два до 50 милиони долари, за возврат добиваат слободно движење, даночни олеснување и подобар стил на живот

Но, како изби пандемијата, некои елитни семејства размислуваат и за своето здравје, но и за можни безбедни места на коишто би биле сигурни и далеку од сите зарази.

“Луѓето сакаат алтернативни полиси за обезбедување на државјанство, што им дава план Б“, вели Доминик Волек, раководител на азиската компанија за државјанство и престој, Henley & Partners за CNN Travel.

Според него, богатите луѓе не планираат за пет до 10 години, туку тие планираат за 100 години однапред во смисла на зачувување на нивното богатство и благосостојба.

Оваа компанија забележа пораст за 49% на барањата за државјанство во првите шест месеци од оваа година, во споредба со истиот период лани.

Во поглед на специфичните програми за државјанство, најпопуларни биле Црна Гора и Кипар, кои имаат пораст од 142 и 75% повеќе барања во првото тримесечје од оваа година, во споредба со последното тримесечје од 2019 година.

“Додека Црна Гора доминира оваа година, елитата е заинтересирана и за Кипар и Малта, бидејќи инвеститорите и нивните семејства добиваат неограничена слобода и пристап до целата Европска унија“, смета Волек.

Не само што добиваат поголема слобода за движење, туку и подобра прилика за образование и здравство, како во своите матични земји.

Оваа година на Американците им е посебна интересна златната виза, па така за 700% е зголемена побарувачката во првиот квартал од оваа година.

Фото: Freepik