Како помина најдолгиот лет Њујорк – Сиднеј?

33

Летот од Њујорк до Сиднеј, без ниту едно застанување, заврши во неделата откако авионот помина 19 часа и 16 минути во воздух, информира австралиската авиокомпанија Qantas.

На летот беа присутни 49 лица и членови на екипажот, кои се користени за спроведување повеќе експерименти со коишто се проценува здравјето и состојбата на патниците.

“Ноќните летови обично почнуваат со вечера, а потоа ги исклучуваме светлата. За овој лет започнавме со ручек и ги оставивме светлата вклучени во првите чест часа за да одговара на времето што не очекуваше на нашето одредиште, каде што беше ден. Тоа значи дека веднаш почнуваме да го намалуваме jet lag*“, вели Алан Џојс, извршен директор на Qantas Group.

Овој лет е во рамки на проектот Sunrise, во којшто се планирани уште два лета – Лондон – Сиднеј и Њујорк – Сиднеј.

*промена што ја чувствуваат патници како последица од летање со авион низ различни временски зони. Се работи за синдром што се јавува како одговор на поместување на физиолошкиот и биолошкиот ритам на организмот и има симптоми како замор и несоница. Не се работи за болест од патување, туку привремена клиничка состојба.

Фото: Pixabay