Колку ќе трае најдолгиот непрекинат лет од Њујорк до Сиднеј?

58

Австралиската авиокомпанија Qantas го реализира најдолгиот лет во историјата. Се работи за директен лет меѓу Њујорк кон Синдеј, којшто се реализира во рамки на проектот Sunrise.

На летот што ќе трае 20 часа, а ќе премине 16.000 километри без ниту едно застанување, ќе бидат 40 патници. Тие за да можат да бидат дел од ова, поминаа низ посебни физички и психолошки тестови за издржливост.

Група научници ќе бидат на летот за да го следат однесувањето на патниците, нивното спиење, колку можат да издржат и колку храна можат да внесат. Пилотите, како што пишува CNBC, ќе носат уреди што ќе ја следат мозочната активност.

Досега најдолг лет со авион има Singapore Airlines со линија од Сингапур до Њу Џерси, што трае меѓу 18 и пол и 18 часа 45 минути.

Фото: Pixabay