Како се станува милијардер преку ноќ? Одговорот го има момче од Хонг Конг

63

Ерик Тсе е 24-годишно момче со потекло од Хонг Конг, кој буквално преку ноќ стана милијардер, пишува CNN.

Неговите родители, инаку извршни директори на Sino Biopharmaceutical Limited, му препишале дел од акциите во семејната компанија во вредност од околу 3,8 милијарди долари.

Овој млад милијардер има активен социјален живот и се дружи со богати и познати личности во светот.

Тсе е последниот член на азискиот клуб на млади милијардери, но не сака да биде дел од листите на најбогати луѓе во светот. Во соопштението на компанијата се наведува дека “ќе се труди во свое име да не биде дел од такви рангирања, туку само во рамки на такви номинации како семејство“.

Фото: Pixabay