Како среде пандемија дојде до раст на израелски туристи во Србија

46

По повеќемесечна пауза предизвикана од пандемијата на коронавирус, израелските туристи од септември во голем број го посeтија Белград и Србија, соопштија од Туристичката организација во Белград.

Меѓу главните причини за зголемената посета за време на есента се наведува тoа што од 18 септември до осми ноември, министерството за здравје на Израел ја класифицира Србија, со мал број други држави, како “зелена земја“, односно дестинација после која не била задолжителна 14- дневна изолација во Израел. Исто така за директното патување од Израел во Србија не било условено со ПЦР тест.

Поради големиот интерес на израелските патници за Србија, израелските авиокомпании секојдневно вршеа летови од Тел Авив кон Белград. За време на престојот израелските туристи биле најмногу заинтересирани за културно-историските споменици, еврејското наследство во Белград, Нови Сад и Војводина, шопинг, гастрономија и планински одморалишта, пренесува BiF.

Фото: Pixabay