Карантин, но Германија вети и помош од 10 милијарди евра за погодените фирми

32

Германската канцеларка Ангела Меркел објави вчера дека земјата од втори ноември ќе влезе во делумен карантин (lockdown light) поради порастот на бројот на заболени од коронавирус. Освен најавените мерки, Меркел најави и пакет помош на загрозените компании.

Како што рече таа, сите компании кои ќе бидат погодени со оваа нова блокада ќе добијат финансиска поддршка во вкупна вредност од 10 милијарди евра.

А погодени повторно ќе бидат рестораните, баровите, клубовите, бидејќи од понеделник нема да работат, а единствена можност за рестораните е достава на храна.

Одлуката е донесена по состанокот со регионалните лидери, а за две недели повторно ќе се сретнат за да одлучат за понатамошни чекори.

Фото: Pixabay