Kaspersky Lab ги открива најголемите дилеми на луѓето поврзани со нивните лозинки

41

pasword-pixabay

Фото: Pixabay

Модерниот начин на живот секојдневно налага најавување на онлајн сметки, почнувајќи од префрлање пари на банкарски сметки, купување преку интернет, проверка на времето или резервација на такси. Истражувањата на Kaspersky lab ги покажуваат најчестите дилеми со коишто се соочуваат луѓето при избор на соодветна лозинка, со којашто ќе ги заштитат своите онлајн сметки.

Kaspersky Lab открива дека луѓето сè повеќе имаат проблем да изберат лозинка, што ќе биде скоро невозможно да ја открие некој хакер или сајбер криминалец.

Одговор на дилемата би бил – силни лозинки што тешко се запаметуваат

На прашањето на која онлајн сметка бараат најсилна лозинка, 63% од испитаниците велат дека најважна им е лозинката на банкарската онлајн сметка, 42% на одбрани апликации за плаќање преку интернет, додека 41% сметаат дека најважно е да имаат силна лозинка на сметките за онлајн купување.

Но, голем проблем со силните лозинки е тоа што тие потешко може да се запаметат, па дури 38% од испитаниците не можат да ги обноват лозинките на нивните сметки, бидејќи не ја запаметиле првичната лозинка. Истражувањето на Kaspersky Lab покажува дека над половина од испитаниците на несигурен начин ги зачувуваат лозинките, 23% ги запишуваат во бележник, што исто така може да биде ризик за нивната безбедност.

За да бидат сигурни дека нема да ја заборават лозинката, 10% од корисниците користат една иста лозинка за сите сметки, што претставува голем ризик за нив, но и олеснителна околност за хакерите.

Според Kaspersky Lab, постои трета опција

“Ако луѓето имаат силни лозинки на коишто може да се сетат, не само што ќе имаат пристап до сè што им треба, туку и информациите од нивните сметки ќе бидат безбедни од хакерски напади. Ова е важно за потрошувачите кои сакаат да продолжат со секојдневниот живот… Но, корисниците тешко се сеќаваат на сигурни лозинки, па често или ги забораваат или создаваат лозинки што лесно се памтат, но исто толку лесно може и да се пробијат. Сепак, постои трета опција што може да им помогне на корисниците, а тоа е користење на посебен менаџер за лозинки – решение што им помага на луѓето да имаат силни лозинки, без да имаат потреба да ги памтат или запишуваат“, вели Андреј Мохола, раководител на секторот за бизнис корисници на Kaspersky Lab.

Станува збор за Kaspersky password manager, којшто на безбедно ги чува сите лозинки на корисникот. Единствена задача на корисникот е да се сети на главната лозинка, за да имаат целосен пристап до сите свои сметки. Преку My Kaspersky сметка, корисниците може да пристапат до лозинките од било кој уред, без разлика каде се наоѓаат и во кое време од денот имаат потреба да се вклучат. Автоматската функција за генерирање на лозинка, исто така, помага да се создаде силна лозинка.