Во текот на 2020 година се отвориле 439 нови вируелни (интернет) продажни места, со што вкупниот број на е-продажни места на крајот на 2020 изнесува 1459.
Од денеска почнува аплицирањето за добивање финансиска поддршка во земјоделството. Крајниот рок за доставување на барања е 31 мај 2021 година.
Агенцијата за храна и ветеринарство ги известува потрошувачите доколку купиле ваков производ, пред консумација внимателно да го отворат и прегледаат и доколку утврдат присуство на страни тела, истиот производ да го вратат на местото на купување и за тоа да ја известат АХВ.
Еден литар Еуросупер БС - 95 ќе чини 67 денари, додека новата цена на Еуросупер БС - 98 ќе биде 69 денари за литар.
Јаневски ги истакна поволностите кои ги предлага за српските туристи како бесплатни влезници за сите музеи, бесплатен паркинг во сите градови, попуст во сите угостителски објекти, попуст во сместувачките капацитети и брз трансвер на граничните премини.
За да се аплицира на повикот, потребно е формирање конзорциум од минимум три партнери, од кои едниот треба да биде од ЕУ земја, а конзорциумот треба да биде составен од универзитети, истражувачки научни центри, индустрија, мали и средни претпријатија (МСП) или стартапи.
Дополнително АСОМ посочува дека со ваквиот закон се одзема стекнатото деловно право на компаниите кои имаат важечки лиценци за постоечките објекти и укажуваат на домашни и меѓународни правни импликации доколку им се скрати ова право на компаниите.
На 01.06.2021 година Годишните даночни пријава ќе добијат статус на конечни.
Компанијата Рамстор Македонија денеска официјално ќе биде преземена од новиот сопственик – Друштвото Сити плаза холдинг од Скопје.
Министерот за финансии Фатмир Бесими, во текот на претстојната недела, ќе учествува на Пролетните состаноци на Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), кои годинава се одржуваат онлајн.
На 14 мај Грција планира да ги отвори граничните премини Евзони и Дојран и за македонските државјани.
Бројот на дестинации од Меѓународниот Аеродром Скопје во зимскиот распоред на летање беше 22, а сега авиокомпаниите најавија вкупно 41 редовна дестинација, што, како што велат од ТАВ, значи дека повеќето од линиите што беа запрени во 2020 година со затворањето на аеродромот, сега се враќаат.
Mинатата година, дознаките пратени преку формалните канали, банките и брзиот трансфер на пари, забележaa силен раст од околу 47%, во споредба со 2019 година, што е јасен показател дека луѓето го приспособиле своето однесување кон новите околности и дека сѐ повеќе ги користат дигиталните канали за испраќање пари.
Податоците од истражувањето покажуваат дека некои општини кај кои што немало намалување на приходите, се воздржале од расходи.
Во Моловите ќе работаат само една смена од 10 до 18 часот, а 2% од целиот промет кој ќе го направат во недела во текот на целата година ќе бидат наменет за изградба на нови градинки.
Увозот на стоки е со раст од 5,3% и придонесе трговскиот дефицит во јануари да се намали за 29%, а трговијата на мало во истиот период забележа раст од 2%.
Новиот натпревар на Sport Life – Двојна шанса за Peugeot 3008, на типувачите ќе им донесе две главни премии.
Паралелно со растот на вредноста на исплатени штети, расте и износот што земјоделците и сточарите го вложиле во полиси за осигурување. Лани продажбата на земјоделски полиси надминаа 7,8 милиони евра. Вложувањата на аграрните компании во земјоделско осигурување лани пораснале за 65%
Халкбанк годинава се приклучи на глобалната иницијатива за одбележување на 2 Април – Меѓународниот ден на книгата за деца. За таа намена, банката ја...
Во услови на фискална консолидација, како што беше потенцирано на состанокот, потребно е да се одржи развојната компонента на високо ниво. Ова значи дека треба да се инвестира во капитални инвестиции кои ќе донесат принос на долг рок.
Според податоците на УЈП, во периодот јануари-март остварен е вкупен даночен приход од 20.616.146.000 денари што е за 3,09% повеќе во однос на планираното и за скоро 8% во споредба со остварениот приход во истиот период лани.
Како компанија која посветено работи на овозможување на дигитализацијата во општеството, А1 Македонија со оваа конференција има за цел да ја поддржи и истакне улогата која жените ја имаат во бизнис заедницата и нивната улога која е особено важна во развојот, унапредувањето и примената на информатичката технологија.
Дури 10,7% од работодавачите не исплатиле плата за февруари, изјави денес на прес конференција директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска.
Анкетата за инфлациските очекувања и очекувањата за движењето на реалниот бруто домашен производ (БДП) за периодот 2021 ‒ 2023 година упатува на мала нагорна ревизија на очекувањата за просечната стапка на инфлација, додека во однос на очекуваниот раст на БДП покажува надолна ревизија на очекувањата.