На акционерите, како што стои во одлуката, им се одобрува плаќање на дивиденда во бруто износ во висина од 32.351.150 денари, односно бруто цена од 130 денари по акција.
Се очекува со намалување на цените, значително да се зголеми сообраќајот во роаминг.
Врвното црвено тероар вино Барово од бербата 2016-та и оваа година освои златен медал во конкуренција од над 16.500 вина од 57 земји, што претставува факт кој сам по себе најдобро ја отсликува големината на овој успех.
Република Северна Македонија забележува најдобри резултати во спроведување на мерките од Програмата за економски реформи во споредба со другите земји од процесот, согласно оценките...
Фондот за поддршка на талентирани средношколци и студенти Таленти денес – лидери утре овозможува развој на младите преку менторство, обуки, пракса и учество на меѓународни натпревари.
Вкупниот број превезени патници во патниот патнички превоз, во првото тримесечје од 2019 година, во однос на истиот период од 2018 година, е намален за 1,3%.
Петчлена комисија одлучи дека Конеска треба да ја понесе титулата за 2018 година, поради нејзиниот придонес во развој на оваа област, со имплементација на практики за поддршка и мотивација на вработените во компанијата во која работи.
Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје донесе одлука за изрекување на мерката јавна опомена преку интернет страницата на Берзата на следниве друштва котирани на Официјалниот пазар.
Комбинираните машини за перење и сушење алишта се навистина практични затоа што “со еден замав фаќате две муви“
Во април 2019 година, забрза растот на паричната маса (монетарниот агрегат М3). На месечна основа тој изнесува 2,1% и е резултат на зголемувањето кај...
Просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во март 2019, изнесува 24.590 денари, додека во бруто износ е 36.476 денари.
Дивидендата за 2018 годна да се исплати од акумулираните нераспределени добивки од минати години на друштвото до 31.12.2008 година, во бруто износ од 83.106.120 денари.
Бензинот Ultra 95 Economy поскапува за еден денар и ќе чини 72 денари за литар, додека новата цена на Ultra 100 race pro, исто така поскапува за денар, па ќе се продава по 74 денари. И дизел горивата поскапуваат за два денари.
Халк Банка АД Скопје издава нови акции заради зголемување на нејзиниот запишан капитал.
Тимот Space Divers победи во категоријата Case Study на инженерскиот натпревар EBEC.
Истиот период во 2018 година за компанијата заврши со добивка од 96.682.000 денари.
Обврзниците се издадени во денари, со годишна исплата на камата, додека главнината се исплаќа на денот на достасувањето.
На располагање се 30 милиони денари за граѓаните за енергетска ефикасност.
Во активностите на асоцијацијата Ластовица, во текот на една година со постојан или повремен престој учествуваат околу 100 дечиња со посебни потреби при што најмалата возраст е 18 месеци.
Интерактивната паметна табла ја заменува класичната школска табла на која може да се пишува со паметен покажувач наместо со креда.
Компанијата Реплек во првиот квартал од оваа година прикажа вкупна сеопфатна добивка од 22.032.000 денари.
На регионално ниво, нашава земја и Албанија имаат највисока реализација на проектите и мерките од Програмата за економски развој од минатата година.
Намалување на невработеноста кај младите, интегрирање на домашните компании на меѓународните пазари и борбата против сивата економија се трите клучни предизвици кои ќе се опфатат во Програмата за економски реформи 2020 - 2022.
Вкупната вредност на договорените градежни работи во странство, во периодот јануари – март оваа година, изнесува 4.001.194.000 денари, што е за 415,3 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.











