Халк Банка преку приватна понуда издава обични акции во вредност од 593,2 милиони денари

47

Фото: Pixabay

Комисијата за хартии од вредност (КХВ) на Халк Банка ѝ даде одобрение да издаде долгорочни хартии од вредност по пат на приватна понуда.

Со 16-тата емисија, Халк Банка АД Скопје ќе издаде 59.321 обична акција со номинална и продажна вредност од 10.000 денари по акција. Вкупниот износ на емисијата е 593.210.000 денари.

Емисијата се врши од средства на банката по основ на исплата на дивиденда во акции на акционерите на Халк Банка АД Скопје, сразмерно на нивното учество во основната главнина.

Халк Банка АД Скопје издава нови акции заради зголемување на нејзиниот запишан капитал.